Македонската група „Гром“ со концерт на 2 јули на „Хераклеја“ ќе одбележи јубилеј, 45 години на музичката сцена.
„Гром“ се присутни на македонската музичка сцена од младинските рок гитаријади во 70-те, до Скопскиот фестивал, Мак Фест итн.
Концертот ќе почне во 21 часот, а настанот е во рамките на БИТ ФЕСТ 2025.
Специјален гостин на концертот ќе биде познатиот хрватски пејач Ален Славица.
Влезници по цена од 300 преку мкtickets, како и на билетарата на Хераклеја.
Текстот Концерт на групата „Гром“ во „Хераклеја“, специјален гостин Ален Славица е превземен од МАКФАКС.