Италијанскиот стратег Антонио Конте немаше многу време да се адаптира во Тотенхем, вчера веќе ги водеше „петлите“ во неговиот прв натпревар.
Во Конференциската лига Спарс славеа со 3:2 против холански Витесе. И покрај победата во овој натпревар можеа да се забележат слабости во играта на Тотенхем. Конте порача дека сака да се одолжи за довербата која ја ја добил.
„Сакам да се оддолжам за довербата која ми ја укажа Тотенхем. Тимот има голем потенцијал. Не знам дали некој друг клуб во светот има ваква инфраструктура на стадионот и тренигн центарот. Тотенхем е топ клуб“, порача Италијанецот.