Сержо Консеисао, тренерот на Милан, би можел да добие отказ доколку неговиот тим не ги добие натпреварите против Болоња и Лацио оваа недела, објавија медиумите на Апенинскиот полуостров.
„Росонерите“, откако беа елиминирани во Лигата на шампионите од Феенорд, викендов доживеаја нов студен туш. Во саботата загубија на гостувањето кај Торино со 2:1. Ова уште повеќе им ја отежна ситуацијата кога е во прашање борбата за позициите кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.
Интер, Наполи и Аталанта напредуваа и речиси имаат обезбедено пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а за едно место кое моментално го држи четвртопласираниот Јувентус ќе се бори Милан кој се наоѓа на седмото место со осум бода помалку од Јуве.
Покрај Јувентус и Милан, во трка за Лигата на шампионите се и Лацио, Фиорентина и Болоња.
Консеисао го презеде кормилото на Милан на крајот на декември, кога го наследи Пауло Фонсека. Започна добро, го освои го италијанскиот Суперкуп, но во новата година резултатите се променливи.
Италијанските медиуми пишуваат дека Милан со Консеисао на клупата на 15 натпревари има полоши резултати од Фонсека во последните 15 натпревари. Иако неговиот договор со Милан е до јуни 2026 година, Португалецот би можел порано да ги спакува куферите.
Текстот Консеисао би можел да добие отказ е превземен од МАКФАКС.