реклама

 Стручњаците велат дека некои луѓе честопати користат жилет многу подолго отколку што препорачуваат здравствените експерти.

– Постојаната употреба на малите сечила со месеци, сѐ додека не се заматат и не ’рѓосаат, всушност, може да има прилично лоши последици… Честотата на промените зависи од разни фактори, како што се колкава е областа што ја бричите и зачестеноста, дебелината и типот на Вашето влакно, квалитетот на сечилото и дали го миете по бричењето, вели дерматологот Кристина Сома од британската Национална здравствена служба.

реклама

Така, општо, советот на д-р Сома гласи: да се менува ножето на секои пет до седум бричења, а не по месеци.

Таа вели дека така се поголеми шансите човекот да се исече – со тапо ноже, поради напорот којшто тоа го бара.

реклама

Повеќето жилети се затнуваат со клетки од кожата, сапун и остатоци од влакна, а сечилата почнуваат и да ’рѓосуваат. Бактериите пак, коишто се насобираат на брич, особено може да имаат непријатни последици.

реклама