„Тоа е случај и со мајмунските сипаници. Климатските промени придонесуваат за брза промена на временските модели, а тоа води, на пример, до суша“, додаде тој.

Advertisements

“Под променети услови, животните и луѓето го менуваат своето однесување во потрага по храна. Како резултат на тоа, болестите специфични за животните се пренесуваат на луѓето”, рече Рајан за Ројтерс.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на 31 мај изјави дека не можеме да бидеме апсолутно сигурни дека ширењето на мајмунските сипаници ќе се спречи и предупреди дека стапката на ширење на болеста во текот на летото може да се зголеми.

Според него, земјите масовно укинале многу рестрикции поради корона вирусот, што значи дека во летната сезона ќе се одржуваат настани со голем број луѓе, што е ризично. Првиот смртен случај од мајмунски сипаници е регистриран во Нигерија на 29 мај.

Вирусот на мајмунски сипаници почна да се шири во неколку западноевропски земји и други континенти. Случаи на инфекција неодамна се пријавени во Австралија, Белгија, Германија, Обединетото Кралство, Шпанија, Канада, Италија, Португалија, Франција, САД, Шведска и Швајцарија.