Киjив разочаран од словачкиот премиер Фицо кој ги повторува наративите на руските пропагандисти, придружуван и од македонски медиуми

Киjiв е разочаран од изјавата на словачкиот премиер Роберт Фицо во врска со украинските војници, што е во спротивност со сегашното ниво на доверба и соработка меѓу Украина и Словачка, се наведува во коментарот на портпаролот на МНР, Хеорхи Тихиј за изјавите на премиерот на Словачка.

За време на неговата посета на музејот на холокаустот во словачкиот град Серед, премиерот на Словачка, Роберт Фицо, познат по својата проруска реторика, повторно изјави дека „нацистичките трупи“ се борат во Украина, но меѓународната заедница, наводно, не забележува ова.

„Украинските војници ги бранат своите семејства, домови и земја, како и цела Европа и слободниот свет, од руските освојувачи означени со буквата „Z“ – симбол на модерната фашистичка естетика на Русија. Спротивставувањето на руската агресија, за Украинците, се додава на историјата на отпорот на нацијата против тоталитарните режими во текот на минатиот век“, се вели во Коментарот.

Забележано е дека во дваесеттиот век, украинскиот народ претрпе милиони загуби во борбата против нацизмот. Милиони Украинци се бореа во различни редовни армии и движења на отпорот како дел од антихитлеровата коалиција, придонесувајќи значително за победата над нацизмот и сојузниците на Хитлер.

Друго трагично поглавје во историјата на Украина е Холокаустот, кога нацистите извршија ужасни злосторства врз еврејските заедници во Украина, убивајќи приближно еден и пол милион Евреи. Повеќе од 2.600 Украинци се признати како праведни меѓу народите поради спасувањето на Евреите за време на Холокаустот.

„Ние се потпираме на обединетите напори на Словачка и на сите наши европски партнери да се спротивставиме на сегашното руско зло, кое донесе злосторства на територијата на Украина без преседан од Втората светска војна. Остануваме посветени на понатамошен конструктивен дијалог, во согласност со традиционално топлите и добрососедски односи меѓу словачкиот и украинскиот народ“, истакнаа од МНР на Украина.

Коментарот на контроверзниот словачки премиер Фицо, кој го повторува она што Кремљ го повторува од почетокот на инвазијата, се појави истовремено со лажните објави на руските пропагандисти кои со искривени толкувања на различни историски настани, користејќи обвинувањата за нацизам и фашизам против Украина како дел од својата пропаганда, сакаат да ја оправдаат својата неоправдана агресија врз Украина. При тоа, ваквите пропагандни наративи се споделуваат од приврзаниците на рускиот диктатор, кои ги има (за жал) и на влијателни позиции во државите членки на ЕУ.

Како дел од своите напори за дискредитација на украинските одбрамбени сили, руската пропаганда шири лажно видео за „масовна употреба на нацистички симболи“ од страна на украинската војска во регионот Курск.

Пропагандистите создадоа лажна приказна од Би-Би-Си за да ги промовираат своите наративи преку про-Кремљ Телеграм каналите, медиуми и сервисот за видео хостинг YouTube кои  споделуваат видео што наводно го објавила британската телевизиска и радио корпорација.

Во него се наведува дека прелиминарната истрага спроведена од организацијата Репортери без граници (РСФ) „открила“ повеќе од 1.000 случаи на употреба на нацистички симболи, слогани и гестови од страна на војници на украинските вооружени сили за време на операција во руската област Курск. Во видеото се цитира и директорот за застапување, стратешки судски спор и помош на RSF, Антоан Бернард, кој наводно ја „побарал“ меѓународната заедница да го привлече вниманието на глорификацијата на нацизмот во украинските вооружени сили на Украина.

„Земјата која бара од ОН да ги заштитат нејзините права нема право предавнички да ги прекршува резолуциите на ОН, а уште помалку да прикажува симболи на античовечки режим“, ги цитираат руските пропагандистит наводно зборовите на Бернард.

Киjив разочаран од словачкиот премиер Фицо кој ги повторува наративите на руските пропагандисти, придружуван и од македонски медиуми

Киjив разочаран од словачкиот премиер Фицо кој ги повторува наративите на руските пропагандисти, придружуван и од македонски медиуми

Видеото е лажно. Вакво видео не е објавено ниту на Би-Би-Си, ниту на веб-страницата на организацијата РСФ. Псевдо-видеото е создадено со помош на фотографии и видеа кои можат да се најдат во јавниот домен. Дополнително, нашиот тим успеа да утврди дека некои од нив се појавиле на интернет уште пред операцијата на Украина во регионот Курск. На пример, оваа фотографија се појави во летото 2022 година. Не се знае со сигурност дали оваа личност е поврзана со Украина.

Покрај тоа, пред околу шест месеци на руски ресурси се појави фотографија од уништен автомобил.

Укринформ контактираше со претставници на РСФ за да го потврди тврдењето. Како одговор, директорката за комуникации и ангажман на организацијата, Зое Бојсел, потврди дека информациите дадени во видеото не се вистинити и дека RSF веќе започнала истрага за ова прашање.

И во македонски медиуми изјавата на Фицо доби поголем внимание, откако неколку од нив ја објавија информацијата пренесена од државната информативна агенција МИА, со идентичен наслов (со ретки исклучоци), во кој е издвоена само изјавата на словачкиот премиер, со што се наведува читателската јавност, додека на реакцијата на украинското МНР, која е спомената во една и пол реченица при крајот од текстот, несразмерно со просторот одвоен за изјавата на Фицо, и воопшто не се споменува во насловите, со што се спроведува насоката на руската пропаганда која од почетокот на инвазијата сака да ги дискредитира украинските власти и одбрамбени сили во обид да ја оправда непредизвикана целосна воена агресија врз Украина.

Иако со доаѓањето на власт на десничарската партија СМЕР, словачкиот премиер Роберт Фицо, по примерот на својот унгарски колега Виктор Орбан се закануваше со ускратување на воената помош за Кијив ставање вето во Европскиот совет, тој тоа до сега не го искористи.

Спротивно на сегашната изјава, Фицо кој во меѓувреме преживеа обид за атентат, предходно оваа година во април, за време на средбата со својот украински колега Денис Шмихал ја потврди поддршката за Украина и ја осуди агресијата на Кремљ, ветувајќи поддршка на Словачка за Украина и нејзиниот пристап во ЕУ.

„Руската употреба на воена сила во Украина беше флагрантно кршење на меѓународното право“, рече тогаш словачкиот премиер, додавајќи дека на Украина и треба помош и солидарност. „Тука сме да помогнеме“, му рече Фицо на Шмихал.

Драган Мишев