Кире Николовски по речиси пет години повторно ќе биде дел од кавадаречкиот прволигаш откако ја официјализираше соработката со Еуро Никел.
Поранешниот репрезентативец сезоната ја започна во Кожув каде беше еден од клучните играчи на тимот, но и тој се одлучи да го напушти составот по смената на раководството.
Двестаидесет сантиметри високиот центар на 12. одиграни напревари во „црвено-белиот“ дрес бележеше просек од 18.7 поени и 8.2 скока по натпревар.