Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се потврдува договорот за одвојување на „Тик-ток“ од кинеската компанија „Бајт денс“ и пренос на мнозинскиот удел во рацете на американски инвеститори.
Според планот, конзорциум предводен од софтверскиот гигант „Оракл“ ќе управува со американските операции на „Тик-ток“, ќе ги чува податоците во домашни сервери и ќе добие лиценца за алгоритмот што препорачува содржини. Очекувањата се американските инвеститори да држат околу 80 отсто од уделите, додека „Бајт денс“ ќе остане со минорен дел.
„Тик-ток“ во САД има околу 180 милиони корисници, а со овој договор платформата ќе продолжи да биде достапна под американска контрола и построг надзор. Од администрацијата на Трамп велат дека целта е заштита на националната безбедност и податоците на корисниците.
Текстот Кина го губи „Тик-ток“ во САД, „Бајт денс“ останува со мал удел е превземен од МАКФАКС.