Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун повика на зголемување на производството на ракети за да може земјата да добие „доминантна воена моќ“ и да биде подготвена за војна, јави државната агенција КЦНА (KCNA), додека Јужна Кореја и САД се подготвуваат за нивните годишни заеднички воени вежби.
Наредбата на севернокорејскиот лидер доаѓа откако тој во петокот и саботата ги посети клучните капацитети кои произведуваат ракети, платформи за лансирање ракети, оклопни возила и артилериски гранати и неколку дена пред почетокот на американско-јужнокорејските воени вежби, во кои Пјонгјанг гледа „подготовки за војна“.