Џошуа Кимих капитенот на Баерн Минхен со клупските челници ги започнал преговрите околу новиот договор.

Кимих со Баварците има договор до крајот на сезоната. Во ерата на Томас Тухел беше блиску до напуштање на клубот, но откако селекторот на Англија си замине го смени мислењето.

Капитенот на Баерн, во саботата, против Штутгарт го одигра 400. натпревар за клубот.

Според германските медиуми Баерн ќе му ја понуди истата плата. Бруто платата на капитенот изнесува 20 милиони евра.

Текстот Кимих ќе потпише нов договор е превземен од МАКФАКС.