Капините се бобинки кои го чуваат нашето здравје: 4 причини поради кои треба да ги консумирате.Кога би постоела топ-листа на најздрави намирници, капините сигурно би биле во првите 10. Ова овошје изобилува со моќни антиоксиданти, особено елагитанин кој го нема во речиси ниту една друга намирница.Поради сите состојки кои ги содржат, капините се идеални за подобра работа, односно за зајакнување на имунолошкиот систем. Со редовното консумирање придонесувате многу за заштита на вашиот организам од разни инфекции и други болести, пишува „Healthline“.Витаминот Ц помага во производството на колаген кој ја чува вашата кожа, крвните садови, ‘рскавицата, тетивите и лигаментите здрави. Витаминот Ц е исто така антиоксидант кој може да блокира дел од штетите предизвикани од слободните радикали кои се произведуваат додека вашето тело ја разградува храната.Ако сакате да имате добра дигестија, консумирајте капини бидејќи тие се добар извор на влакна. Влакната од капините се многу важни за нормално функционирање на дигестивниот систем бидејќи ја регулираат столицата и го одржуваат дигестивниот систем во идеална состојба.Магнезиумот и калциумот кои се наоѓаат во капините се многу важни за одржување на здравјето на коските. Магнезиумот ја олеснува апсорпцијата на калциумот во организмот, додека калциумот е важен за нивно зајакнување.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.