Војската на Кина го осуди денеска минувањето на канадски воен брод во Тајванскиот теснец, велејќи дека нејзините воздушни и поморски сили го набљудувале и го предупредиле бродот, мисија која дојде само неколку дена откако бродовите на американската морнарица извршија слична мисија.
Американската морнарица, а повремено и бродови од сојузничките земји како што се Канада, Велика Британија и Франција, транзитираат низ теснецот еднаш месечно. Кина, која го смета Тајван за своја територија, исто така вели дека тој стратешкиот воден пат и припаѓа неа.
Активностите на Канада „намерно предизвикаа проблеми“ и ги поткопаа мирот и стабилноста во Теснецот, се вели во соопштението на Источната команда на Народноослободителната војска.
„Силите одржуваат високо ниво на подготвеност во секое време и одлучно се спротивставуваат на сите закани и провокации“, се додава.
И кинеската и тајванската влада го идентификуваа бродот како Отава. Тајванското Министерство за одбрана вчера соопшти дека бродот пловел на север, додавајќи дека и тајванските сили чуваат стража. Министерството за надворешни работи на Тајван го поздрави пловењето.
Текстот Канадски воен брод помина покрај Тајван, Кина: Ќе се спротивставиме на провокациите е превземен од МАКФАКС.