Потпретседателката на САД и претседателски кандидат на престојните избори, Камала Харис во саботата по повод Денот на независноста на Украина објави дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината борба за слобода.
„На Денот на независноста на Украина, ние се придружуваме во славењето на заедничките вредности кои украинскиот народ храбро ги брани секој ден: независност, суверенитет и слобода. Ние ќе продолжиме да стоиме со Украина во нејзината борба за слобода против руската агресија“, напиша таа во пост на X.
On Ukraine’s Independence Day, we join in celebrating the shared values that the Ukrainian people are bravely defending every single day: independence, sovereignty, and freedom.
We will continue to stand with Ukraine in its fight for freedom against Russia’s aggression.
— Vice President Kamala Harris (@VP) August 24, 2024
Континуираната поддршка на Вашингтон за Украина ја повтори и државниот секретар Антони Блинкен во саботата, честитајќи го Денот на независноста на украинскиот народ преку соопштение објавено на веб-страницата на Стејт департментот на САД.
„Во име на Соединетите Американски Држави, му го честитам на народот на Украина Денот на независноста“, се вели во соопштението.
Притоа, Блинкен истакна дека Соединетите Држави се посветени на обезбедување долгорочна безбедносна и економска поддршка за континуираната борба на Украина против руската агресија и за нејзините напори за закрепнување и реформи. Државниот секретар ги истакна достигнувањата на Украина во унапредувањето на демократските вредности, борбата против корупцијата и поттикнувањето на економскиот раст.
Тој исто така, рече дека САД се подготвени да го продлабочат партнерството со Украина кое е вкоренето во заедничката посветеност на правдата и демократските вредности и истакна дека ќе ја продолжат поддршката за Украина додека се брани од агресијата на Русија и заедно ќе ги поддржат принципите на Повелбата на ОН за суверенитет и територијален интегритет и ќе обезбедиме посветла иднина за сите Украинци.
На овој Ден на независноста, нека народот на Украина најде сила во вашата решителност и просперитетна култура. Америка стои со вас денес и секогаш, стои во леститката од Блинкен до украинскиот народ.
Честитки до Украина за денот на нејзината независност пристигнаа од неколку лидери на ЕУ, меѓу кои и генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ-Буриќ, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседавачот на Европскиот совет Шарл Мишел, високиот Претставникот на Европската Унија Жозеп Борел.
Драган Мишев