- Дневниот распоред за нашите Обединети опозициски телевизии покажува дека максимално треба да се елиминираат ликовите на Пендаровски и Османи
„На 26 февруари се одржа Мултимедијална конференција „Украина: Две години хероизам“ во организација на Амбасадата на Украина и македонската граѓанска организација Цивил – Центар за слобода. Таму учествуваше и претседателот Пендаровски и тоа како прв говорник, но затоа на ТВ имаше прилог каде што тој дојде како последен во извештајот, просто како зорле додаден, пишува специјално за ЦИВИЛ МЕДИА, новинарот и политички аналитичар Љумомир Костовски во колумната „БАЛАНСИРАНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Како „неутралните“ телевизии ги селектираат вестите?“.
Како што анализира Костовски, „неутралните“ телевизи овој голем настан беше оставен на маргините и предмет на рестрикции.
– И генерално, овој значаен настан, на кој учествуваа сите амбасадори од западната сфера беше турнат на маргините, а предмет на рестрикција беше и говорот на министерот Османи, кој барем кај телевизиите од македонското говорно подрачје го немаше! Како што вешто се одбегнуваше паното на кое стоеше името на соорганизаторот Цивил!
БАЛАНСИРАНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Како „неутралните“ телевизии ги селектираат вестите?