реклама

Вниманието го привлече со улогата во серијата „Природни науки“, но дефинитивно најголема популарност стекна со улогата на Лејла Текин во серијата „Кога лисјата паѓаат“, а подоцна и во серијата „Хајат Билгиси“.

реклама

Пред две години ја доби главната улога во серијата „Evlilik Hakkında Her Şey“, која е адаптација на британската серија „Breakup“. Досега има освоено бројни награди за најдобра актерка и најдобра споредна улога.

Додека играше во серијата „Кога лисјата паѓаат“ се шпекулираше дека не се согласува со Фахрија Евџен, која ја толкуваше улогата на Неџла, сестрата на Лејла, ниту во приватниот живот.

реклама

Велат дека напнатоста меѓу овие актерки се чувствувала на снимањето и не комуницирале ни на сетот.

Што се однесува до љубовниот живот, Гокче во 2011 година се омажи за колегата и водител Али Санал, но следната година се разведоа. Набргу по разводот се појавија гласини дека нејзиниот сопруг дознал дека таа наводно има афера со неговиот татко.

„Покојниот Кемал бил голем заводник. Тие двајца се впуштиле во афера само неколку дена откако тој станал нејзин свекор. Меѓу нив долго време постоела фатална привлечност и тоа што тој имал 30 години години постар од неа не го спречи тоа“, откри тогаш извор близок до актерката.

Сепак, се чини дека е голема заблуда бидејќи нејзиниот свекор почина во 2000 година, многу пред Гокче да го запознае својот прв сопруг.

Гокче Бахакир по разводот помина низ голема промена. Таа била незадоволна од вишокот килограми, па за два месеци ослабела 10 килограми со заедничко консумирање протеини и јаглехидрати.

Среќата повторно ја нашла десет години подоцна кога се омажила за музичарот Емир Ерсој.

реклама