До сега за постигнување на пополни усни се советуваше да се исцртаат со моливче за усни кое е за една нијанса потемно од самиот кармин, за да се постигнат јасни контури и незабележливо да се “нацртаат“ усните.
Но пред извесно време се појави нова помалку необична но сепак интересна техника на шминкање со чија помош визуелно ќе ги зголемите усните.
Станува збор за така наречено “блурирање“ или матирани усни, техника на шминкање во која на надворешната страна на усните се користи посветла боја, а на внатрешната потемна.
Како да ја изведете оваа техника:
Прво направете пилинг и добро хидрирајте ги усните. Потоа премачкајте ги со тенок слој на коректор, а потоа нанесете го карминот на средината на усните и нежно со помош на прст или четка изблендирајте го да не се познава линија.
Извор: среќа.мк