Фудбалскиот сојуз на Италија и Владата на оваа земја интензивно разговараат за враќање на полн капацитет на стадионите во завршницата од сезоната.

За репрезентацијата ова е важно, со оглед на тоа што во март го игра плеј-оф дуелот за пласман на Мундијалот против Македонија.

Европскиот првак ќе биде домаќин во Палермо, каде се надева ќе има максимална поддшка од трибините на „Ренцо Барбера“.

Планот на федерацијата е да избори отворање на стадионите за навивачите уште од први март. Тоа ќе зависи од епидемиолошката ситуација на италијанско тло во текот на зимата.

Официјални одлуки на Владата се очекуваат во наредниот период, по враќањето на 50 отсто од капацитетот на почетокот на февруари. За јануари беше одлучено дозвола да има само за 5.000 луѓе.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра на 24 март (20:45 часот). Победникот ќе игра финале во плеј-офот против Турција или Португалија.