Синоќа се одржа финалето на 72. издание на познатиот италијански фестивал Санремо, а победата во тензичното финале ја однесе дуото Махмуд и Бланко со песната „Brividi“.

Набргу по објавувањето, Махмуд и Бланко на прес-конференција потврдија дека ќе ги бранат боите на Италија на овогодинешниот Евросонг во Торино, каде што натпреварот ќе се одржи во мај, благодарение на минатогодишната победа на групата Манескин.

Песната „Бривиди“ веднаш стана фаворит на букмејкерот за уште една, последователна победа на Италија на Евровизија, но важно е да се напомене дека досега се познати само девет песни кои ќе ги слушнеме на овогодинешниот натпревар.

Инаку, Махмуд веќе им е добро познат на фановите на Евровизија, бидејќи еднаш ја претставуваше Италија во 2019 година со песната „Солди“, кога го освои високото второ место.

Слушнете ја песната која ќе биде италијански претставник на овогодинешната Евровизија: