Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.

Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.

Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.

Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.

Текстот Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин е превземен од МАКФАКС.