Исланд ги заддржа шансите за полуфинале на Европското првенство во ракомет во Унгарија и Словачка, откако со 34:24 (17:8) ја декласираше Црна Гора во последниот меч по групи и сега ќе се надеваат дека вечерва Данска ќе ја совлада Франција за да добијат место во борбата за медали.
Омар Инги Магнусон постигна 11 гола за Исланд, од кои 5-од-5 од пенал, додека Милош Вујовиќ пак беше најдобар за Црногорците со идентични 11 гола.
Со победата, Исланд дефинитивно го потврди третото место во групата и борба за 5/6 место, но ќе се надеваат на историско полуфинале со помош на Данците.