Кајри Ирвинг нема намера да се вакцинира против коронавирусот. Ирвинг ставот го потврдил по натпреварот со Кливленд Кавалирс. Ирвинг, поради законите во државата Њујорк, невакциниран не може да игра за Бруклин на домашен терен.
Синоќа, без Кевин Дурент, кој ќе биде отсутен најмалку еден месец, Бруклин доживеаја пораз во Кливленд.
„Тоа е она што влегува во нашите животи, во спортот, забавата. Кевин ќе биде во ред. Ќе се излечи, а ние ќе мораме да се носиме со тоа што тој одреден период нема да биде во тимот. Јас нема да ја сменам мојата одлука“, рекол Ирвинг.