Иран погуби шпион кој наводно му пренесувал информации на Израел, објави денес државната новинска агенција Мизан.

„Есмаил Фекри, агент на Мосад осуден за сериозни злосторства „корупција на Земјата“ и „мохаребе“ (војна против Бога), беше обесен по судењето“, објави Мизан на својата веб-страница, според агенцијата Франс Прес.

Властите во Техеран соопштија дека човекот, уапсен во 2023 година, е осуден според исламскиот закон за „водење војна против Бога“ и „корупција на Земјата“, пренесува и дпа.

Ова беше трета егзекуција поврзана со обвиненија за шпионажа во последните месеци.

Иран го смета Израел за свој заколнат непријател, а двете земји разменуваат воздушни напади откако Израел започна големи напади врз иранските нуклеарни цели минатиот петок.

Текстот Иранците обесија човек поради сомневање за шпионажа за Израел е превземен од МАКФАКС.