Бројот на месечни корисници на платформата X, порано позната како Твитер, достигна нов максимум, изјави Илон Маск и сподели графикон што покажува дека сега има над 540 милиони.
Објавата на Маск на X за бројот на корисници доаѓа кога компанијата претрпува организациски промени и се соочува со конкуренција од ново лансираната апликација Тредс, со која управува компанијата Мета.
Твитер имаше 229 милиони месечни активни корисници во мај 2022 година, се вели во соопштението објавено пред купувањето на платформата.
Под водство на Маск, X помина низ низа промени во понудата на производи и намалувања на персоналот во обид да ги зголеми приходите.
Платформата Х останува негативна за готовинскиот тек поради речиси 50 отсто пад на приходите од реклами и големиот долг, рече Маск претходно овој месец, што значи дека неговите мартовски очекувања дека платформата ќе биде позитивна за готовинскиот тек до јуни нема да бидат исполнети.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.