Компанијата на Илон Маск, „Спејс-Икс“ вработи 14-годишно момче како софтверски инженер. Тој ќе работи со тим којшто развива софтвер за „Старлинк“.
Кајрен Квази (14) сега ќе треба да се пресели во сојузната држава Вашингтон, со неговата мајка, за да почне да работи во компанијата. Како што објави „Бизнис инсајдер“ (Business Insider), тој неодамна дипломирал на Универзитетот на Санта Клара во Калифорнија (САД), станувајќи најмладата личност која некогаш го направила тоа. Според наводите, се работи за извонредно интелигентна личност.
Кога Квази имал девет години, т.е. во трето одделение, наводно неговите родители сфатиле дека училишните задачи му се премногу лесни, па му помогнале на нивниот син да се запише на колеџ. Така, детето го поминало тестот за интелигенција подобро од 99,9 отсто од светското население.
Тој веќе го имал своето работно искуство – во 2022 година стажирал во компанијата „Блекбирд.АИ“ од областа на кибер-безбедноста.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.