Израелскиот министер за одбрана Израел Кац упати предупредување до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, претходно денеска, сугерирајќи дека тој може да доживее судбина слична на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, јавува „Иран Интернешнл“.
„Го предупредувам иранскиот диктатор да не продолжи да врши воени злосторства и да пука ракети врз израелските граѓани. Треба да се сети што се случи со диктаторот во земја сосед на Иран кој тргна по тој пат против државата Израел“, рече Кац.
Текстот Израел му се закани на Хамнеи: Ќе завршиш како Садам Хусеин е превземен од МАКФАКС.























