Романскиот парламент ја избра новата проевропска коалициска влада предводена од актуелниот премиер Марсел Чолаку.

За новата влада синоќа гласаа 240 пратеници, а против 143 од вкупно 466 пратеници, пренесе АП.

Новата владејачка коалиција ја сочинуваат Социјалдемократската партија (ПСД) на Марсел Чолаку, Национал-либералната централно-десничарска партија (ПНЛ), унгарската партија УДМР и партиите на националните малцинства.

Текстот Избрана е новата влада на Романија на чело со премиерот Марсел Чолаку е превземен од МАКФАКС.