Додека европската јавност беше ужасната од сцените во синоќешното француско дерби помеѓу Лион и Марсеј, кое беше прекинато откако Паје беше удрен со шише со вода фрлено од трибините, во Колумбија се случи сличен инцидент, кој можеше да има далеку потрагичен епилог, пишува Спорт1.

На дербито во првенството на оваа земја помеѓу Атлетико Насионал и Милонариос, домашните фанови отидоа неколку чекори понапред, па кон Даниел Руиз од гостинскиот тим фрлија – скалпел. Тој исто така сакаше да изведе корнер како колегата од Марсеј, па веднаш почна да се држи за раката по која беше погоден.

За голема среќа, Руиз мина без никакви последици, но тоа нема да ја спречи федерацијата да изрече жестока казна за Атлетико Национал и за неговите навивачи.