Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Игор Стефановски Иџе се враќа од Швајцарија со победа. Изминатиов викенд автомобилскиот шампион беше најбрз во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), на патеката Сент Урсан во Швајцарија.
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски продолжува со својот поход до шампионската титула во Европскиот шампионат на ридски патеки. Бренд амбасадорот на Видоелотарија Касинос Австрија, Иџе изминатиов викенд беше најбрз на патеката Сент Урсан во Швајцарија. Иџе триумфираше и на двете трки во Швајцарија, на првата постави и нов рекорд на патеката.
До крајот на шампионатот остануваат уште две трки, а Стефановски во генералниот пласман во Европскиот шампионат на ридски патеки е на првата позиција, по осум трки.
Видеолотарија Касинос Австрија му го честита новиот подиум. Ќе продолжиме силно да веруваме во неговиот потенцијал и ќе го поддржиме летечкиот Македонец во шампионски амбиции.