
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа пад од четири позиции на најновата АТП листа и во моментов се наоѓа на 366. место. Тој минатата недела испадна уште во квалификациите на челенџ турнирот во Позњан, па оттаму и назадувањето на ранкинг листата.
Има промени и на врвот. Шпанецот Карлос Алкарас се врати на првото место откако го освои турнирот во Квинс и има 80 бода предност во однос на Новак Ѓоковиќ.
Во топ 10 се наоѓаат и Медведев, Руд, Циципас, Руне, Рубљов, Синер, Фриц и Тијафо.