Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните институции да го преиспитаат случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец на Клиниката за гинекологија. Оттаму ги повикуваат медицинската директорка Викторија Јовановска и економскиот директор Јетон Шаќири да понесеат одговорност и да поднесат оставки, бидејќи навреме не ги преземале потребните мерки за заштита и сигурност на трудниците. Ја прашуваме директорката Јовановска и надлежните институции кога е иницирано конзилијарно мислење од психијатар кај 39-годишната пациентка и дали е дадено вакво мислење односно ако е прегледана од психијатар, кога е тоа сторено? Зошто Јовановска дури откако се случи овој немил настан предлага психијатар да ги посетува родилките еднаш во неделата и да разговара со мајките за да ја увиди нивната состојба, а не го иницирала истото претходно, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, пашуваат со која стручност организацискиот директор Јетон Шаќири се расфрла со медицински термини и говори за интервенции кои не се во негов домен на работа, како што е породување.

Зошто психичкото здравје во 21 век е табу тема за медицинската директорка на ГАК, а дополнително истото се наведува како причина за непреземање мерки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.