Мажите заводници се вешти играчи кои научиле како да прават секоја жена со нив да се чувствува посебно. Но, првиот знак кој алармира е претерувањето со романтични гестови. Со нив всушност сака да ги камуфлира сопствените недостатоци.

По кои знаци може да препознаете дека си имате работа со вечен заводник?

1. Бира одреден тип жени

Вечниот заводник е постојано љубезен, секогаш дели комплименти и умее добро со зборови. Најчесто лови жени кои имаат ниска самодоверба. Настојува да го добие тоа што го сака, а што заврши во кревет со жената, губи интерес за неа. Често го бие лош глас.

2. Вие сте таа која ја чекал

Сака да претерува и веќе при запознавањето сака да ве увери дека само вас ве чекал цел живот. Таа реченица веројатно ја има кажано илјада пати, пред други девојки.

Тој само сака да си ги задоволи сексуалните апетити, а на прв знак на проблем ќе бара нешто друго. брзо влегува во врска, уште побрзо излегува од неа. Со сексот си ја лечи ниската самопочит.

3. Знае како да направи да се чувствувате посебно

Вечниот заводник е вешт играч кој има научено што да каже и како да го каже тоа пред девојката која ја заведува. Прв знак што треба да ве предупреди е претерувањето со романтични гестови. Со нив сака да ги камуфлира сопствените маани, а и на старт изгледа како некој кој има премногу пракса во тоа.

4. Во секоја жена гледа прилика

Иако тврди дека сте му единствена, тој во секоја жена гледа прилика. Неретко во ваше присуство гледа други жени, флертува со нив, па дури и ги коментира и ја споредува вашата убавина со нивната.

Ваквиот маж ретко се врзува, а ако влезе во сериозна врска, партнерката постојано стравува дека ќе го изгуби.