Екипата на Шкендија ја засили дефанзивната линија во пресрет на новата сезона, откако денеска ја официјализира со доскорешниот лев бек на шампионот Струга Трим Лум, Зија Мерџани.
Тој потпиша двегодишен договор, што воедно ќе значи негово враќање во старото јато со оглед што претходно три сезони настапуваше за поранешниот првак од Тетово, каде, пак, пристигна во 2019 година исто така од струшкиот тим.
„Шкендија е најголем албански клуб и секој фудбалер сонува да игра за неа. Знам каде доаѓам, добро ја познавам средината и сигурен сум дека ќе го дадам максимумот за да ги исполнам целите на управата и на спонзорот“, изјави Мерџани.
Дефанзивецот во шампионската сезона на Струга ТЛ одигра 27 меча и постигна два гола, со вкупно шест жолти и еден црвен картон./Sport 1.mk/