Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не планира да се вработи во Манчестер јунајтед доколку Оле Гунар Солскјер поднесе оставка.
Јунајтед сакаше да го покани францускиот стручњак, но тој им порача на клупските газди дека во моментов не се чувствува подготвен да работи во Премиер лигата.
Зидан сака да паузира од работа до лето, пишува новинарот на „Sport Bild“, Кристијан Фалк.
Четириесет и деветгодишниот тренер го напушти Реал Мадрид во мај и оттогаш е невработен.
Солскјер е тренер на Манчестер јунајтед од 2018 година. Под негово водство, тимот загуби шест од последните 12 натпревари.
Сега Манчестер Јунајтед се наоѓа на 6. место во поредокот во Премиер лигата и заостанува пет бода зад 4. место кое носи учество во Лигата на шампионите. (МИА)