Претседателот Зеленски денеска им оддаде почит на Украинците убиени од руските напаѓачи за време на привремената окупација на заедницата Буча во регионот на Кијив,соопштија од Кабинетот на претседателот, објави Укринформ.
Шефот на државата постави светилка со икона на Ѕидот на сеќавањето во близина на црквата Свети Андреј Првоповикан и Сите Светии во Буча. Ѕидот на сеќавањето се состои од неколку стели, на секоја со плочи изгравирани со имињата на жртвите. Во моментов, споменикот содржи 509 имиња на цивили кои се идентификувани. Некои плакети сè уште се безимени.
На Володимир Зеленски му се придружија шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак, премиерот Денис Шмихал, претседателот на Врховната рада Руслан Стефанчук, амбасадори на странски земји и шефови на странски мисии и меѓународни организации акредитирани во Украина.
Руската армија влезе во Буча на 27 февруари 2022 година. За време на 33-те дена окупација, руската војска изврши повеќе од 9.000 воени злосторства во областа Буча и уби повеќе од 1.400 цивили, вклучително и 37 деца.
М. Пешевска