Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не ги знае деталите за планот на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за брзо завршување на војната во Украина.
Зеленски, на прес-конференција на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, исто така рече дека не разговарал за тоа со Трамп, кој беше избран за нов претседател на САД на изборите на 5 ноември, пренесе Ројтерс.
Тој рече дека верува оти Трамп сака брзо да ја прекине војната меѓу Русија и Украина, но тоа не мора да значи дека тоа ќе се случи.
Текстот Зеленски вели дека не е запознаен со деталите од планот на Трамп за брзо завршување на војната е превземен од МАКФАКС.