Во говорот по повод Денот на победата на Русија, претседателот Владимир Путин го поздрави „триумфот“ на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, пишува skynews.
Advertisements
Тој рече дека Русија мора да се погрижи „ужасот од глобалната војна никогаш да не се повтори“. Путин се осврна и на земјите од НАТО, велејќи дека Русија „залудно“ се обидувала да направи компромиси за безбедносните прашања.
„Земјите на НАТО не сакаа да нѐ слушаат, што значи дека во реалноста имаа сосема други планови“, рече тој.
Тој го обвини НАТО дека се подготвувал за операција во регионот Донбас во Украина и Крим, нагласувајќи ја заканата на руските граници. Војната против Украина беше „превентивен удар против агресорот“, рече тој.
Говорот го затвори со зборовите: „Слава на нашите вооружени сили, на Русија, на победата!