реклама
Американските хирурзи успеаја да поправат голем деформитет во мозокот на фетусот во првата операција од ваков вид досега направена.
Со помош на ултразвук, хирурзите во болницата за мајка и дете во Бостон ја користеа хируршката техника емболизација за да ја поправат ретката пренатална состојба.
реклама
Деформацијата на вената на Гален е васкуларна абнормалност што предизвикува крвта да се движи низ мозокот на бебето со многу побрзо темпо кога ќе се роди бебето.
Успехот на процедурата нуди нова надеж за лекување на состојбата пред да ескалира ризикот од компликации.
реклама
И покрај тоа што за прв пат се прави ваква процедура, експертите велат дека е голем успех.
„Во нашите клинички испитувања, ние користиме емболизација водена со ултразвук за лекување на малформации на вената на Гален пред раѓањето. Многу сме среќни што по првата ваква процедура по раѓањето на детето немаше нагло влошување на состојбата, што вообичаено се случува“, изјави невроинтервентниот радиолог Дарен Орбах.
реклама
Шест недели по раѓањето, на новороденчето му оди исклучително добро.
„Многу сме среќни што бебето одлично напредува, без никакви лекови, добро се храни, се здебелува и е пратено дома. „Не забележавме никакви негативни ефекти врз мозокот“, вели Орбах.
реклама