Истражувањата покажале дека со конзумирање на одредени намирници можеме да му помогнеме на телото да се прочисти од токсините во организмот.
Кога сме кај чистење на белите дробови, еве кои се фаворитните прочистувачи.
Лук
Познати се лековитите својства на лукот, наречен е природен антибиотик. Содржи алицин кој ги уништува инфекциите на дишните патишта, а многу истражувања покажале дека е одличен прочистувач на белите дробови кај лицата кои се пушачи, но и бивши пушачи.
Најлековит е кога се конзумира сиров.
Ѓумбир
Многу лековити карактеристики го красат и ѓумбирот. Го зајакнува имунитетот, ја подобрува пробавата, ја намалува надуеноста, ги намалува воспалитетлните процеси, но и ги отстранува токсините во белите дробови па затоа се препорачува на пушачите и поранешните конзуматори на тутунски производи.
Дневно не би требало да се изеде повеќе од парченце ѓумбир со големина околу 2 см.
Куркума
Ако сакате да ги исчистите белите дробови во исхраната вклучете и куркума. Истражувањата докажале дека куркумата ги чисти белите дробови од штетни токсини кои се таложат особено како последица од пушењето и загадениот воздух. Куркумата е одлична и во превенција на болести на дишните патишта.
За да уживате во благодетите на куркумата помешајте ја со малку црн пипер.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.