Започна првата читачка проба на претставата „Замисли нов свет“ – колаж од делата на Горан Стефановски, во режија на Нела Витошевиќ, а по драматизација на Ана Ристоска-Трпеноска. Во претставата играат: Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски.
Во креативниот дел се потпишуваат: композиторот Огнен Анастасовски, сценографот Костантин Трпеноски, костимографката Роза Трајчевска-Ристоска.
Ова е шестиот проект по започнувањето на новата театарска сезона, овојпат со продукција „Сектор филм“ во копродукција со Македонскиот народен театар, а продуценти се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.
Текстот Започна првата читачка проба на претставата „Замисли нов свет“ е превземен од МАКФАКС.