Единствениот македонски ракометен претставник кој остана во еврокуповите, екипата на ЖРК Вардар се наоѓа пред елиминација затоа што на домашен терен доживеа пораз (25-35) од холандски Јуро Унирек во рамки на ЕХФ Европскиот куп.
Најдобра кај ЖРК Вардар беше Михаела Стојановска со седум постигнати гола, пред Бојана Диневска и Ивона Трпевска со по четири гола, а кај Јуро, Есма Стал имаше дури единаесет постигнати гола. Реваншот на двата тима е за седум дена во Холандија.