Европската унија денеска објави дека ќе го продолжи периодот на санкции против сириската Влада и нејзините поддржувачи до јуни 2025 година, пренесоа британските медиуми.
Земјите членки на ЕУ соопштија дека и натаму се „длабоко загрижени“ за ситуацијата во Сирија, каде што 316 поединци и 86 организации се предмет на европски санкции, вклучително и замрзнување на нивните сметки и забрани за патување.
„По повеќе од 13 години, конфликтот останува извор на страдање и несигурност за сирискиот народ и за регионот“, се наведува во соопштението на Европскиот совет.