Фудбалската репрезентација на Македонија, в четврток ќе го започне квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2024.
Македонија за противници во Ц-групата ги има Италија, Англија, Украина и Малта. Специјализираниот сајт за фудбалска аналитика „We global football“, не верува дека Македонија во оваа конкуренција ќе успее да се пласира на континенталниот шампионат. Шансите на Македонија дека ќе стигне до германска виза се 4,32 отсто.
„We global football“, смета дека Италија и Англија ќе ги освојат првите две места во групата. Италија им 90,88 отсто шанси, Англија 88,36./Makfax