Светски познатата сопранистка Ермонела Јахо, поканета во емисијата „200“, изјави дека секогаш кога ќе излезе на сцената емоциите ѝ се толку силни што за неа е исто како да ѝ е прв или последен пат, пишува Алсат.
„Секогаш кога ќе излезам на сцена, за мене е како да ми е прв или последен пат и така мора да биде, затоа што треба да верувате во она што го правите на сцената. На пример, ако уметникот не се спои со улогата, тој не верува… ако е тоа драматична улога, треба да плачете во душата, да бидете доверливи и да заплаче и јавноста или да се смеете, не мора да значи секогаш да плачете. Ги интерпретирав и ги интерпретирам овие драмски улоги, веројатно затоа што и јас сум поврзана со балканска крв, можам да кажам дека мислев, еднаш одамна реков зошто сме толку огнени, земаме сè здраво за готово и доброто и злото. Но, тој начин на изразување мислам дека е многу важно за еден уметник, бидејќи дава нешто од вашата земја, нешто што светот го има, но и го нема, секоја земја има нешто посебно, а јас таква страст, ваква енергија, јас ја земам огнено. Да видиш двајца Балканци како зборуваат или за љубов или кога се караат, не разбираш каде е разликата“, изјави сопранистката Ермонела Јахо. /Алсат.мк