Кристијан Ериксен вчера дошол во Милано, каде што денеска ќе ги комплетира сите документи околу раскинот на договорот со Интер. Ериксен на ЕВРО 2020 доживеа срцев удар, и едвај преживеа. Му беше веднаш вграден дефибрилатор, а со него не смее да настапува во Италија, па раскинот на договорот беше неизбежен.

Со дефибрилатор ќе се одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Холандија и Данска се малку поблаги по прашањето на играње со дефибрилатор. Тој во моментов тренира со Одензе, а имаше шпекулации дека ќе се врати во Ајакс.

Ериксен за време на мечот со Исланд, доживеа срцев удар. Веднаш му беше правена реанимација, и беше спасен неговиот живот.