Интер пред неколку дена објави дека Кристијано Ериксен нема да добие дозвола за настап сезонава во италијанската Серија А, откако минатото лето доживеа срцев удар на Европското првенство (ЕП).
Данецот веќе два месеци тренира со екипата на Интер, но не може да заигра за „нераѕурите“, па затоа среќата ќе си ја бара на друго место и веќе доби понуда од Ајакс.
„Кореире дело Спорт“ објави дека Ериксен имал неколку понуди за продолжување на кариерата, но се шпекулира дека може да се врати во Ајакс, каде што настапуваше во период од 2010 до 2013 година.
Интер така би заштедил 7,5 милиони евра колку што му дава за плата на Ериксен и поради тоа актуелниот првак е подготвен да го пушти нивниот фудбалер.