Европа мора да го премости јазот меѓу вакцинираните и невакцинираните против Ковид-19 за да го запре четвртиот бран, соопшти европското регулаторно тело бидејќи невакцинираните предизвикуваат зголемување на бројот на хоспитализации.
Сведоци сме на прекумерен број случаи – вклучувајќи тешки болести, хоспитализации и приеми во единиците за интензивна нега, особено кај невакцинираните, рече на прес-конференција Марко Кавалери, шеф за стратегија за вакцинација на Европската агенција за лекови (ЕМА).
Додека континентот се бори со новиот бран од пандемијата, стапките на вакцинација во некои земји членки се неприфатливо ниски, дури и кај оние што се изложени на ризик на возраст над 50 години“, истакна Кавалери.
Треба да го премостиме тој јаз и да се погрижиме што е можно повеќе луѓе да се вакцинираат, предупреди тој.
Италијанецот потсети дека не постои 100 проценти ефикасна вакцина, што значи дека земјите мора да преземат дополнителни мерки за да ја забават циркулацијата на коронавирусот во текот на зимата.
Голем број земји усвоија или планираат да усвојат мерки за вклучување на невакцинираните. Австрија неодамна воведе карантин за сите оние што не примиле вакцина против Ковид-19. Слични мерки би можела да најави и Германија, а за нив се подготвуваат и Чешка, Словачка и Грција.
Исто така, се прават напори да се поттикне вакцинацијата и да се најдат нови лекови.
Гледајќи го зголемувањето на бројот на случаи кај децата, ЕМА планира следната недела да донесе одлука за можно одобрување на вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од 5 до 11 години.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.