Невреме предизвика поплави и лизгање на земјиштето во југозападна Норвешка, уште една европска земја погодена од екстремни временски настани, јавуваат локалните медиуми.
Врнежите утринава се намалени, изјави метеорологот Џули Солсвик за телевизијата НРК, додавајќи дека предупредувањата за поплави и лизгање на земјиште сè уште се во сила.
Според полицијата, засега нема пријавени исчезнати или повредени поради невремето.
Extreme rainfall in Norway: A whole town is isolated, flooding collapses a bridge https://t.co/jBAJ87382r pic.twitter.com/fARKop6zKD
— Nordic News (@Nordic_News) October 31, 2024
„Ситуацијата е драматична“.
Пристапот до градот Ода, каде што живеат околу 5.000 луѓе, на речиси 60 километри југоисточно од Берген, беше блокиран утринава кога се урна мост. Сите други пристапни патишта до градот беа затворени поради невремето.
Градоначалникот Ода ја опиша ситуацијата како драматична за новинската агенција НТБ вчеравечер. Подрумот што му припаѓа на историскиот хотел „Уленсванг“ бил поплавен во текот на ноќта, јави НРК. Се вели дека во подрумот на хотелот се чуваат многубројни антиквитети и уметнички дела.
Невремето во Норвешка следува по разорните поплави во Шпанија оваа недела, во кои загинаа речиси 160 луѓе, а десетици сè уште се водат за исчезнати.
Текстот Екстремно време и во Норвешка, во сила предупредувањата за поплави и лизгање на земјиштето е превземен од МАКФАКС.