Минатата недела во Кијив, Украина, на 7 и 8 декември се одржа Меѓународната Конференција за човекови права „ Слобода или страв“, по повод 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права, и првиот состанок на меѓународната Коалиција на земји за враќање на украинските деца.
Покрај високите претставници од Европа, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го отвори состанокот на Меѓународната коалиција на земји за враќање на украинските деца, а претставници од Северна Македонија беа претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и заменик народниот правобранител, Јован Андоновски.
Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала ексклузивно раскажува за двете големи конференции во Кијив.
Интервјуто се пренесува на Јутуб каналот и ФБ страницата на ЦИВИЛ.