Един Џеко од натпревар во натпревар докажува дека е во одлична форма, а потврдата стигна и од клубот
Имено, Џеко беше избран за најдобар играч на нероаѕурите во октомври, откако на шест натпревари постигна три гола и имаше една асистенција.
Бројните коментари на социјалните мрежи покажуваат дека Џеко ја ужива големата поддршка од навивачите на Интер, а за кратко време му се наметна како прва опција на новиот тренер Симоне Инзаги, кој го смета за незаменлив.
35-годишниот Џеко на 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона постигна 8 гола и собра три асистенции.