Научниците во Египет идентификуваа нов вид на четириножен кит, кој живеел пред околу 43 милиони години. Според студијата, станува збор за фосил на амфибијата, односно на водоземец, а бил пронајден во Западната пустина во Египет. Неговиот череп наликува на Анубис, древниот египетски бог на подземјето со глава на чакал, по кого го доби и името. Тежок 600 килограми и со должина од три метри, фосилот е остаток од кит кој можел да оди по копно и да плива во морињата.
Прикажи повеќе